Навивачите на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, со големо нетрпение го чекаат денешниот меч со Њукасл и првото појавување на теренот на Кристијано Роналдо кој по 12 години се врати на стадионот – „Олд Трафорд“.
Медиумите објавија дека цените за влезниците на „црно“ се движат и до 2500 фунти што само по себе покажува каква еуфорија владее кај фановите на „црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Португалецот. Во тој правец, се огласи и легендата ка клубот, Рио Фердинанд.
„ Верувам дека ќе постигне од 25 до 30 голови во сите натпреварувања“ – изјавил Фердинанд.