Нашата фудбалска репрезентација денеска ќе ги има и последните подготовки пред утрешниот меч со Грузија во новата рунда од Лигата на нации. За нас ова е првиот домашен меч во овој цикус и шанса со победа да го преземеме врвот на табелата во нашата група.
„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренизите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“, вели централниот напаѓач во нашиот нациоанлен тим, Милан Ристовски.
Дуелот со Грузија се игра утре од 20.45 часот на Националната арена во Скопје.