Нашиот фудбалски репрезентативец, Милан Ристовски, вели дека претстојната средба на теренот Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот е многу значајна и дека сите мисли се насочени кон трите бода.
„Ако победиме на тој меч ќе влеземе со одлична атмосфера на дуелот со Германија. Нема лесен или тежок натпревар. Наше е да го дадеме максимумот и се надевам дека ќе оствариме добар резултат. Чест е да се игра за репрезентацијата“ – вели Ристовски.
Македонија мечот во Лихтенштајн ќе го одигра на 8 октомври а три дена подоцна ќе ја пречека Германија во Скопје.