Стефан Ристовски кој ја има капитенската лента во нашата фудбалска репрезентација, вели дека не постои дополнителен притисок врз националниот тим пред утрешниот меч со Исланд во Скопје.
Ние со победа ќе направиме голем чекор во баражот за Мундијалот без разлика како ќе заврши мечот меѓу Лихтенштајн и Романија која ни е конкурент во трката за второто место во групата.
„Секој меч е посебна приказна. Не чувствуваме дополнителен притисок, се надевам дека ќе биде полн стадионот. Се надевам дека ќе излеземе со студени глави и дека нашиот квалитет ќе излезе на површина за да одиме во бараж“ – вели Ристовски.

