Откако медиумите во Хрватската објавија дека во соблекувалната на Динамо Загреб има големи превирања, нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски, се обиде да ја објасни ситуацијата.
„Не ми е јасно како тоа што го разговаравме се пренесе во јавноста. Не е работата да сакаме нешто да сокриеме, туку тоа се нашите приватни работи“ – вели Ристовски.
„Работите потоа се вадат од контекст затоа што никој не знае каква била ситуацијата во соблекувалната и под кои околности нешто се зборувало“ – потенцираше македонскиот интернационалец.