Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ристовски: „Сакам оваа сезона да биде наша најдобра“
    Фудбал

    Ристовски: „Сакам оваа сезона да биде наша најдобра“

    risteBy riste20/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално од синоќа има нов клуб. Напаѓачот се врати во Спартак Трнава, која се договори за сите услови за да го добие младиот репрезентативен напаѓач.

    Милан Ристовски, кој има 23 години, со голем успех го носеше дресот на Спартак Трнава во текот на изминатата сезона и со неговите голови даде придонес за пласман на оваа екипа во Европа. Играчот по добрите настапи во Спартак Трнава доби можност да настапи и на Еуро 2020.

    По крајот на Европското првенство, Ристовски се врати во Ријека, но потоа следуваше раскин на договорот за повторно да дојде во Спартак Трнава. На неговата промоција во дресот на Спартак Трнаца, Милан Ристовски истакна:

    „Горд и среќен сум што ќе имам шанса повторно да го носам дресот на овој клуб. Голема благодарност до мојата поранешна екипа Ријека. Се надевам дека ќе имаме добри резултати, затоа што сакам оваа сезона да биде наша најдобра сезона“, рече Ристовски.

    Ристовски е роден во 1998 година и беше под договор со Ријека од 2017 до 2021 година, но никогаш не доби вистинската шанса во тимот од Хрватска и во главном играше со позајмици во други клубови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.

    13/08/2022

    Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата

    13/08/2022

    Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите

    13/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.