Македонскиот фудбалски репрезентативец, Милан Ристовски, го напушти составот на Ријека и се врати во екипата на Спартак Трнава.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот поранешен клуб Ријека, поминав четири години тука. Сега е време за промени, среќен сум што ќе бидам повторно дел од Спартак Трнава“ – потенцираше Ристовски.
Македонскиот интернационалец претходно за словачкиот тим има одиграно 12 средби на кои забележа 5 голови.