Нашиот капитен , Стефан Ристовски, по значајната победа против Исланд и пласманот во баражот за Мундијалот, истакна дека во соблекувалната нема црн бел, нема Албанец – Македонец, туку има еден дрес и тоа го покажуваме.
„Исполнет сум со емоции. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на Европско, за бараж на Светско. Македонија отвора очи на фудбалскиот свет“ – вели Ристовски.
„Квалитетот излезе на површина. За среќа имаме одлични играчи кои играат во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Денеска Македонија е загушена од разни работи. Мене ми е драго што колку толку овој народ го израдувавме“ – потенцираше нашиот капитен.

