Капитенот, Стефан Ристовски, пред утрешниот меч со Англија на „Олд Трафорд“ вели дека е реткост за Македонија да игра натпревари на такви стадиони.
„Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација. Ние сме очигледно таква екипа која игра големи натпревари и сака да прави чуда“ – потенцираше Ристовски на денешната прес-конференција.
„Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направиме“, изјави Ристовски.