По вчерашниот пораз во Тбилиси од Грузија со 2-0, за нашата фудбалска репрезентација останува само уште дуелот со Бугарија в понеделник во Скопје. Грешките од Скопје на првиот меч со Грузијците, се чини не чинеа добар резултат и на реваншот, затоа што ги повторивме во некои сегменти од играта. Напаѓачот Милан Ристовски за поразот од Грузија изјави:
„Повторно изгубивме на свои грешки, слично како на тој натпревар во Скопје. Во прашање е психолошки момент, пад на концентрација. Штета, заслуживме повеќе, имаме квалитет. Не ни останува ништо друго, освен да се одмориме и да направиме анализа каде погрешивме. Фаворите нема, тоа се покажува на секој меч. Се надевам дека ќе се подигнеме и ќе бидеме подготвени за Бугарија“, изјави Ристовски.