Македонија и Украина утре од 15.00 во Букурешт ќе го одиграат мечот од второто коло во групата „Ц“ на Европското фудбалско првенство. Нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски, вели дека стартниот пораз од Австрија не влијае на добрата атмосфера во нашиот табор.
„ Сега не чека нов, меч. На Европско играат најдобрите, сите играат 90 минути, сите играат да победат, така и ние. Не дојдовме да бидеме туристи“ – вели Ристовски.
„Ние се подготвуваме за Украина, имаат добри фудбалери, како и Австријците и тие сакаат да играат со топка. Затоа мора да бидеме внимателни“ – нагласи нашиот дефанзивец.

