Македонија ја очекува тежок натпревар против Украина, а тоа го знаат нашите фудбалери. Капитенот Стефан Ристовски во име на фудбалерите ја пренесе атмосферата во нашата селекција и очекувањата од овој натпревар.
„Сигурно ако ме прашувате Украина е број еден селекција од оние за кои ги сметаат за „НЕ фаворити“. Играат одличен фудбал, тој меч на Европското во Полска е различен од оној што ќе го играме утре. Тој меч колку што се сеќавам тогаш ние одигравме две различни полувремиња. Ние направивме грешки, кои Украина ги искористи. Ако сакаме да се надеваме на некаков пласман, мора да одиграме како што треба, ни треба перфектен меч. Ако не освојуваш бодови, нема да одиш никаде, нема да се пласираш никаде“ истакна Стефан Ристовски, капитенот на нашата репрезентација.
Натпреварот Македонија – Украина се игра утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20.45 часот