Тимот на Ривер Плата ја освои титулата во Аргентина по 36-ти пат во својата историја. Ова стана јасно на три кола пред крајот на сезоната по победата која синоќа Ривер ја обезбеди над екипата на Расинг од 4:0.
Ривер Плата има предност од 12 бода пред Дефенса и Јустиција, која и математички не може да го стигне новиот првак. Тимот предводен од Марсело Гаљардо сега ја зголеми предноста по бројот на освоени титули во однос на големиот ривал Бока Јуниорс, кој остана на 34 трофеи. Ривер Плата последен пат ја освои шампионската титула во 2014 година.