Поранешниот фудбалер на Баерн, Аријен Робен, даде коментар за новото засилување во германскиот клуб на позајмица Филипе Кутињо . Бразилецот ќе игра во дресот со број 10, кој порано го носеше токму Робен додека беше дел од Баерн Минхен.
„Кутињо е играч со многу потенцијал, но му треба време. Сигурен сум дека тој ќе одлучи за исходот на многу натпревари на Баерн. Мој омилен играч во Баерн е Томас Милер. Тој ги има оние квалитети што никој ги нема. Тој често создава слободен простор за тимот поради неговите движења, доаѓа на центар, знае да игра во одбрана. Секогаш е тешко за противниците да играат против него“, изјави Робен за весникот „Билд“.
Да потсетиме, 35-годишниот Холанѓанец ги помина последните 10 години од својата кариера во Баварија. Ова лето фудбалерот најави завршување на професионалната кариера.