Холандскиот фудбалски интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Ариен Робен полека ги надминал здравствените проблеми и започнал да работи на тренинзите.
Тој според весникот –„Билд“ ќе мора да паузира уште најмалку една недела, но, има реална шанса да се појави во реваншот со Ливерпул во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Напаѓачот на гермнаскиот тим досега одигра 15 натпревари на кои успеа да постигне пет голови и да направи две асистенции. Реваншот меѓу Баварците и Ливерпул ќе биде одигран на „Алијанс арена“ во Минхен. Првиот меч во Англија заврши 0 спрема 0.