Холандскиот ветеран во екипата на Баерн (М), Аријен Робен, нема да биде дел од баварскиот тим за реванш мечот со Реал (М) утре во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој се повреди на стартот на првиот меч и не е во состојба да се врати на теренот во толку краток период.
Денес стана познато дека 34-годишниот Холанѓанец нема да има време да се врати рехабилитиран за реваншот затоа што има повреда на бутот. Поради повреда Баерн веројатно ќе остане и без услугите на Џером Боатенг. Робен сигурно нема да патува за Шпанија.