Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки по поразот на неговата репрезентација на гостувањето во Ерменија си поднесе оставка.
Веднаш по натпреварот кој го загубија против Ерменија со 4:2, селекторот на БиХ реши да ја напушти селекторската функција.
„Разговарав со сите. Кога ја презедов репрезентацијата мислев дека ќе одиме на Европско првенство. Не успеавме во тоа и затоа поднесувам оставка, давајќи шанса на некој друг тренер. Наследникот ќе има доста време да ја подготви репрезентацијата за Лигата на нации“, изјави Просинечки.
Босна и Херцеговина својата последна шанса за пласман на ЕП 2020 ќе ја бара преку Лигата на нации.