Корејскиот фудбалски прволигаш Јеонбук Хјундаи Моторс денеска го промовираше некогашниот менаџер на Челзи, Роберто Ди Матео, за нов технички советник во јужнокорејскиот клуб.
Последното место на работа за 52-годишниот Италијанец беше местото главен тренер на Астон Вила, на чие чело беше во 2016 година. Оттогаш тој се повлече од активната тренерска работа и чекаше нов предизвик, кој сега го доби во Ј. Кореја.
Ди Матео е познат и по работата со Шалке, Вест Бромвич и Челзи, кој чие негово водство ги освои Лигата на шампионите и ФА Купот во 2012 година.