Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино го одигра својот љубилеен 200-ти натпревар во дресот на Ливерпул во шампионатот на Англија.
Роберто Фирмино е само петти Бразилец што го постигнал тоа. Претходно, играчите од средниот ред Вилијан (252), Лукас Леива (247), Фернандињо (235) и дефанзивецот Давид Луис (207) одиграа 200 или повеќе натпревари во Премиерлигата.

Фирмино го постигна ова на големото дерби меѓу големите градски ривали Ливерпул и Евертон.

