Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, е убеден дека Реал Мадрид го направи вистинскиот избор со ангажирањето на Еден Азар.
„Тоа е ѕвезденото засилување. Има многу играчи со талент да играат во Реал Мадрид, но нема толку многу кои можат да бидат лидери во еден клуб како овој. Еден Азар е личност. Тој има магија, карактер и менталитет на победник”, рече шпанскиот тренер кој го води националниот тим на Белгија.
„Тој е феномен во светскиот фудбал. Азар ќе ја смени иднината на шпанскиот фудбал. Тој е пример лекција за трпение и вредности. Неговиот сон за играње за Реал Мадрид е од дете бидејќи му се восхитувал на Зидан како фудбалер. Зидан и Азар сигурно ќе имаат посебен однос, со голема почит”, додаде Мартинез.
Играчот од средниот ред на Баер Минхен, Френк Рибери, може да ја продолжи својата кариера во Англија, објавија медиумите на Островот.
Интерес за 36-годишниот играч од средниот ред има од Шефилд Јунајтед.Од оваа екипа му понудиле едногодишен договор. Рибери ги бранеше боите на Баерн во последните 12 сезони и го напушти клубот ова лето по завршувањето на договорот. Французинот освоил неколку трофеи со баварскиот тим.