Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез го продолжи договорот до 2022 година.
Се уште нема потврда од локалната федерација, но белгиските медиуми откриваат дека поранешниот менаџер на Евертон ќе го предводи националниот тим и на СП во Катар.
Претходниот договор на селекторот истекуваше по Евро 2020, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез во неколку наврати рече дека е заинтересиран да го предводи составот на Европското првенство и тоа ќе се случи.
Белгија се квалификуваше за ЕП 2020 по одличниот настап во квалификациите. Тимот ги доби сите 10 натпревари, постигнувајќи 40 голови. Репрезентацијат на Белгија се најде во група со Данска, Финска и Русија.