Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Ендрју Робертсон, вели дека тој и неговите колеги во одбраната одиграле добро против Лионел Меси иако Аргентинецот успеа да постигне два гола во првата полу-финална средба одиграна на „Камп Ноу“.
„Знаеме колку е добар Меси. Тој е во моментов најдобриот фудбалер во светот. Мислам дека успевме да одиграме солидно против него. Првиот гол го постигна во празната мрежа додека вториот му беше од слободен удар. Никој не може да ја запре таа топка“ – вели Робертсон по вчерашниот пораз со 3:0.
„Тој е навистина фудбалер од светска класа. Се надевам дека на реваншот ќе успееме да го запреме Меси“ – потенцираше интернационалецот од Шкотска кој дејствува по левата страна во дефанзивната линија на „црвените“.

