Ливерпул и Манчестер Сити го пикирале дефанзивецот на Фулам, Ентони Робинсон, објавија денеска медиумите во Англија.
Фудбалскиот интернационалец го привлече вниманието на „црвените“ и „граѓаните“. Двата клуба сакаат да ја засилат страничната линија во дефанзивата.
27-годишниот фудбалер има договор со лондончани до 2028 година. Досега има 167 натпревари, 3 гола и 18 асистенции.

