Едно од највпечатливите имиња во шпанската фудбалска репрезентација, играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, во пресрет на денешното полуфинале на Евро 2024 самоуверено вели дека Шпанија е подготвена да ја освои титулата.
„Не се плашиме. Тука сме да ја освоиме титулата. Занаеме што треба да направиме против каков противник и да играме. Имаме наша стратегија која функционира. Не знам што би требало да смениме, освен можеби да бидеме поконкретни во нападите. Франција е, ако не најдобра, тогаш една од двете најдобри репрезентации во светот. Тие ја докажаа својата класа во изминатите неколку години. Станува збор за многу физички силен тим. Тие се модел за тоа. Силни се во контра-напад, силни со топка…“, изјави Родри.