Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, кој се повреди за време на септемврискиот натпревар против Арсенал, се појави на Суперболот 2025 и сподели информации за неговото закрепнување. Да потсетиме, играчот има скинати предни вкрстени лигаменти.
„Па, секогаш велам дека тоа е дел од животот. Спортистите се навикнати на вакви работи. Но, јас сум многу позитивна личност во смисла дека прифаќам се како што е. Секогаш му благодарам на Бога за се и во такви моменти се трудам да бидам позитивен. Моментално тренирам и ги зајакнувам другите делови од моето тело“, изјави Родри за „Сакј Спортс“.
Да потсетиме, претходно беше објавено дека Родри се надева дека ќе се врати на терен до крајот на оваа сезона.

