Фудбалерот на Шпанија, Родри, изјави дека „Фуријата“ извлекла поука од поразот од Јапонија и дека грешките од тој меч, нема да се повторат на средбата со Мароко во осмина-финалето на Мундијалот во Катар.
„Сега започнува нова фаза. Секогаш анализираме што можеме да подобриме. Тренерот беше јасен, играчите ја презедоа одговорноста“ – рече Родри.
„Мојата улога во тимот е да бидам бек. Противниците ни даваат малку простор. Имаме специфичен начин на игра“ – изјави Шпанецот.