Луѓето од Арсенал се многу блиску до потписот на фудбалерот за врска на шпанскиот Бетис, Гвидо Родригез.
„Топџиите“ подолго време ги следат настапите на Аргентинецот и сега имаат големи шанси да го донесат на „Емирати“, пишува – „Естадио Депортиво“. Шпанскиот клуб планира да продаде неколку играчи меѓу кои влегува и Родригез.
Тренерот на англичаните, Микел Артета, сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред и воедно да пронајде замена за Дани Себалјос, кој на крајот на сезоната ќе се врати во матичниот клуб, Реал Мадрид.

