Играчот за врска на Удинезе, Родриго Де Пол, би можел да се пресели во Интер, тврди „Калчомеркато“.
26-годишниот Аргентинец првично може да се пресели на „Џузепе Меаца“ со позајмица од една и пол година, а потоа неговите права да бидат откупени.
Во тековната сезона на Серија А, Ридриго де Пол има 13 натпревари на кои постигна 3 гола и даде 2 асистенции. Офанзивниот играч за врска е поранешен играч на Валенсија и Расинг.

