Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго го коментираше резултатот од натпреварот од 10. коло на шпанскиот шампионат со Барселона.
„Не сум задоволен од она што беше во Ел Класико, сакам повеќе. Секако, важен ми беше љубилејот од 50 натпревари во Ла Лига. Млад сум, ова ми е само трета сезона и веќе ја достигнав оваа граница. Се надевам дека ќе продолжам вака и ќе му помогнам на Реал Мадрид. Во добра форма сме, тимот се развива. Се стремиме да играме подобро на секој следен натпревар“ изјави Родриго.
Да потсетиме, натпреварот Барселона – Реал Мадрид заврши со победа на Реал со резултат 2:1. Дефанзивецот Давид Алаба и играчот од средниот ред Лукас Васкез постигнаа голови за Реал Мадрид, а напаѓачот Серхио Агуеро постигна гол за Каталонците.