Централниот напаѓач на Валенсија, Родриго Морено, не присуствуваше на утринскиот тренинг во Спортскиот центар „Патерна“, јавуваат шпанските медиуми.
Овој одличен голгетер веројатно ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, со трансфер проценет на околу 60 милиони евра.
Од „Ванда Метрополитано“ ќе го земат напаѓачот како алтернатива на неостварениот трансфер на Хамес Родригез кој не доби зелено светло од Реал Мадрид за да се пресели кај градскиот ривал.
Спортскиот директор на Валенсија Матеу Алемани даде интересна изјава при напуштањето на тренинг центарот „Ова утро ќе дознаете многу работи“.