Бразилскиот крилен играч на Реал Мадрид, Родриго веќе го продолжи договорот со клубот до 2028 година, објави „Марка“.
Според изданието, договорот содржи клаузула за раскин на договорот од 1 милијарда евра. Овој потег ја потврдува големата доверба на реал Мадрид во 21-годишниот фудбалер, кој одигра важна улога минатата сезона на патот на тимот до победата во Лигата на шампионите.
Да потсетиме дека Родриго, кој влезе како резерва, го постигна најважниот гол за резултат 3:0 во реванш четвртфиналето со Челзи во Мадрид, а потоа на „Сантијаго Бернабеу“ постигна успе еден гол во дополнителните минути на полуфиналето со Манчестер Сити.
Севкупно, Бразилецот има 49 натпревари и девет гола за Реал Мадрид во сите натпреварувања во сезоната 2021/22. Тој е проценет на 60 милиони евра.