Менаџерот на фудбалерите на Лестер, Брендон Роџерс, изрази загриженост дека Премиер лигата е под сериозен притисок од радиодифузерите да има што е можно повеќе натпревари и покрај зголемениот број на заразени со КОВИД-19 во различни тимови.
Тренерот, исто така, навести дека големите клубови добиваат повеќе попусти од помалите во нивната желба да одложат некои од нивните натпревари. Лестер и Тотенхем побараа одложување на денешниот меч, но, истото им е одбиено.
„Играчите, менаџерите и сите други сакаат да играме, но, здравјето на играчите мора да биде приоритет“ – вели Роџерс.

