Фудбалерот, Адам Лалана, кој ги одработува последните месеци во дресот на Ливерпул може да добие понуда да ја продолжи кариерата во Лестер, објавија денеска медиумите во Англија.
Иако се наметнуваат неколку екипи што може да конкурираат за неговиот потпис, „лисиците“ се главните фаворити бидејќи му нудат договор за повеќе сезони и тоа со одлични финансиски параметри.
Лалана до прекинот на Премиер-лигата поради пандемијата, играше како стартер на само три натпревари.