Тренерот на фудбалерите на Лестер, Брендон Роџерс, очекува возбудлив дуел против Манчестер Јунајтед во новото коло во Премиер лигата.
Популарните „лисици“ утре на „Кинг Пауер“ од 16.00 часот ќе ги пречекаат „црвените ѓаволи“ во обид да дојдат до третата сезонска победа. Роџерс се надева дека паузата имаше добар ефект врз неговиот состав.
„Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар бидејќи ќе се соочиме со неколку брилијантни играчи. Паузата ни даде можност да се подобриме и да се вратиме на основите на играта. Мораме да притискаме како тим, да играме динамичен фудбал“ – изјави Роџерс.