Играчот од средниот ред на Наполи Марко Рог официјално е даден со позајмица во Севиља до крајот на сезоната. Договорот беше потврден и од двата клуба и не вклучува опција за купување.
Марко Рог беше привлечен од Динамо Загреб во 2016 година за 14,5 милиони евра. Сепак, хрватскиот интернационалец не можеше да се истакне во екипата на Наполи каде има жестока конкуребција, а имаше место во стартниот тим само на 6 натпревари. Вкупно Марко Рог играше на 46 натпревари за Наполи.
Сега останува да се бори за место во составот на Севиља и да се обиде да покаже зошто за него беа платени високи 14 милини евра во 2016 година.