Младиот фудбалер на аргентинската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, во новата сезона во Англија ќе ги брани боите на Вулверхемптон, објавија медиумите на островот. Според нив, трансферната сума е околу 30 милиони евра иако двата клуба не објавија прецизни детали.
28-годишниот репрезентативец на „гаучосите“ во месец март го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 2021 година што значи дека сега е испратен на позајмица. Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во новиот премиерлигаш кој пак, најави дека има големи амбиции.
Популарните „волци“ во меѓувреме ги ангажираа и Мутињо и Руис Патрисио. Се претспоставува дека тимот од „Олд Трафорд“ парите добиени од трансферот на Рохо ќе ги искористи да го купи членот на Лестер, Хари Мегваер.