Луѓето од Манчестер Јунајтед му дале дозвола на Маркос Рохо времено да тренира и да ја одржува формата со екипата на Естудијантес. Веста е потврдена и од страна на аргентинскиот фудбалски клуб од кој потекнува токму централниот дефанзивец.
29-годишниот Рохо има одиграно само три мечеви во тековнава сезона. Тој последен пат се појави на средбата против Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите одиграна во декември. Тој има договор со Јунајтед за уште две години.
„Нема ништо поубаво од тоа да го поминеш роденденот дома! Маркос Рохо дојде во Сити Бел за да тренира и да ја оддржува формата со специјална дозвола на Манчестер Јунајтед” – стои во краткото соопштение на Естудиантес објавено на – „Твитер“.