Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, стана највозрасниот менаџер кој водел тим во натпревар од Премиер Лигата.
Тој ја предводеше екипата на Кристал Палас во победата од 4:1 како гостин кај Лестер Сити со наполнети 71 година и 198 дена и го собори за шест дена повеќе достигнување на покојниот Сер Боби Робсон.
Третиот во клубот над 70 е Сер Алекс Фергусон, кој го предводеше Манчестер Јунајтед со наполнети 71-година и 139-дена на натпревар од Премиер лигата.