Кристал Палас го објави назначувањето на Рој Хоџсон за главен тренер на тимот. Договорот на двете страни е со важност до крајот на сезоната 2022/2023, информираше официјалниот сајт на клубот.
„Чест ми е што се враќам во клуб кој отсекогаш ми значел и што ми е дадена важната задача да ја сменам судбината на тимот оваа сезона. Наша единствена цел сега е да почнеме да победуваме на натпреварите и да ги освојуваме бодовите потребни за да го задржиме местото во Премиер лигата. Кристал Палас е познат по својата борбеност и не се сомневам дека сите наши навивачи ќе се борат со нас од следниот натпревар против Лестер Сити“ рече Хоџсон.
Да напоменеме дека 75-годишниот тренер веќе го водеше Кристал Палас во периодот од 2017 до 2021 година.