Рој Кин го критикуваше Манчестер Јунајтед по големиот пораз од Ливерпул. „Жаволите“ загубија со 0-4 во мечот од Премиер лигата одигран синоќа на „Енфилд“.
„Нема гнев, гнев имаше на почетокот на сезоната. Сега е очај, тага. Погледнете го тимот: без срце, без душа, без лидери, без вештина. Нема ништо изненадувачки во резултатот. Но, Ливерпул можеше да постигне гол во секој момент кога ќе истрчаше напред. Врвот на клубот е во хаос. Навивачите немаат време за сопствениците. Ним им треба нов тренер, им треба играчи кои треба да дојдат и играчи кои мора да си заминат“, изјавил Кин во анализата на синоќешниот меч.