Капитенот на фудбалскиот состав Борусија Дортмунд, Марко Ројс и бекот на Волфсбург, Ридл Баку, нема да патуваат со германската репрезентација за Рејкјавик на утрешниот меч против домаќинот Исланд во новото квалификациско коло за Мундијалот. Тоа го потврди селекторот на „панцирите“, Ханси Флик.
32-годишниот Ројс има болка во коленото и според Флик, сосема е можно да игра за „милионерите“ во текот на викендот на дербито со Баер Леверкузен.
Во исто време, Баку е здрав, но, поради ограничувањата во групата од 23 лица, тој отпадна од тимот. Добра вест за Флик е враќањето на напаѓачот Каи Хаверц и левиот бек, Робин Госенс.