Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ројс: Никој не очекуваше Борусија да биде во финалето, овојпат мораме да го освоиме
    Фудбал

    Ројс: Никој не очекуваше Борусија да биде во финалето, овојпат мораме да го освоиме

    risteBy riste08/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кариерата на Марко Ројс во Борусија Дортмунд е при крај, а има ли подобар начин да се збогува со клубот од враќањето на стадионот Вембли за уште едно финале во Лигата на шампионите 11 години по поразот од Баерн Минхен.

    Борусија го елиминираше Пари Сен Жермен во полуфиналето по две победи со 1:0 и се пласираше во финалето на престижното фудбалско натпреварување за прв пат од 2013 година. Тогаш тимот од Дортмунд загуби од Баерн токму на „Вембли“ на почетокот на професионалната кариера на Ројс во Борусија.

    34-годишниот Марко Ројс се врати во Борусија Дортмунд во 2012 година, а на крајот од актуелната сезона ќе го напушти тимот со кој освои два купа на Германија.

    „Чувството е неописливо. По повеќе од 10 години се враќам во финалето со Борусија. Осман Дембеле и Ашраф Хакими донесоа голема брзина во играта на Пари Сен Жермен и ни направија многу проблеми“, изјави Ројс.

    „Утре никој нема да праша како го добивме натпреварот. Удирате на гредата нема да се бројат за еден ден. Единственото нешто што е важно е што Борусија Дортмунд повторно е во финалето на Лигата на шампионите. Никој не го очекуваше ова. Навистина е неверојатно“, продолжи Марко Ројс.

    „Последната недела за мене беше неопислива. И да се вратам на Вембли, каде се започна пред повеќе од 10 години, е лудост. Сега мораме да победиме”, додаде една од легендите на клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.