Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер 2 објави дека ангажирал четири засилувања за новата натпреварувачка сезона.
Битолчани информираа дека за втората екипа ќе настапат: Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски, Милан Ѓукиќ и Андре Буторац. Голманот Трајковски и крилата Кузманоски и Ѓукуќ се прекомандувани од сениорскиот состав на Еурофарм.
Буторац кој дојде од Голден Арт КЛ7, всушност се врати во средината во која дебитираше во сениорскиот ракомет.