Џанлука Роки ќе го суди „Дерби Д‘Италија“ меѓу Интер и Јувентус кое се игра во недела. Ова беше јасно откако беа одредени судиите за викенд колото во Серија А.
47-годишниот Роки е еден од најискусните италијански судии, го судеше Суперкупот на Европа во 2017 година и финалето на Лигата на Европа минатата сезона. Тој има судено неколку големи натпревари во својата кариера и логично ја доби оваа важна улога. Тоа е добра вест за Јувентус, кој има 27 победи на 35 натпревари, кога им судел Роки. Статистиката на Интер за овој судија е многу полоша – 15 победи од 34 натпревари.
Масимилијано Ирати ќе биде одговорен за „ВАР“ системот на „Џузепе Меаца“в недела навечер, нешто што исто така може да биде важно за евентуалните спорни ситуации на дербито.