Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс, верува дека искуството на тренерот Чаби Алонсо кој има пехари од Лигата на шампионите и од Мундијалите, ќе им помогне на „фармацевтите“ да влезат во полуфиналето во Лигата на Европа.
„Тој стигна до неколку полуфиналиња и го има потребното искуство за стратегија и фокус на играта. Малкумина можат да го направат тоа како него“ – изјави Ролфс.
Германците во првата средба на домашен терен одиграа само 1-1 против Реал Унион. Реваншот во Белгија е закажан за утре од 21.00 часот.