Пауло Дибала и Крис Смолинг нема да му бидат на располагање на Мурињо за мечот на Рома против Интер. Постојат големи и за настапот на Леонардо Спинацола. Рома ќе му гостуваат на Интер во едно од дерби дуелите на 10. коло во Серија А. Тренерот Жозе Мурињо е суспендиран и нема да биде на клупата на гостите.
Весникот „Месаџеро“ тврди дека и Спинацола иако е во составот, утре нема да биде во стартниот тим. Дибала и Смолинг имаат проблеми со повреди и иако постоеја надежи дека ќе бидат подготвени за игра, остануваат надвор.

