Узбекистанскиот напаѓач Елдор Шомуродов и официјално е играч на Рома, објави клупската веб страница на „Волчицата“. Шомуродов потпиша договор со италијанскиот клуб до 30 јуни 2026 година.
Рома ќе плати 17,5 милиони евра плус бонуси на Џенова за Шомуродов. Бонусите се поврзани со перформансите на играчот, а дополнително има клаузула во договорот помеѓу двата клуба, според која Џенова ќе има право на процент од идниот трансфер на играчот.
Шомуродов постигна 8 гола на 31 натпревар во Серија А во сезоната 2020/21. Играше во Џенова од 2020 година, откако претходно три сезони го носеше дресот на рускиот клуб Ростов.