Првите луѓе на фудбалскиот состав, Рома, планираат да му го откупат договорот на младиот Крис Смолинг, кој настапува во редовите на „волчицата“ како позајмен од англискиот гигант, Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми предвидуваат дека Римјаните ќе им понудат на „црвените ѓаволи“ минимум 18 милиони евра плус бонус од 3 милиони. Во исто време, 30-сет годишниот играч ќе добие понуда од Рома да остане на „Чизмата“ и да заработува по 3,2 милиона евра по сезона.
Доколку тоа се оствари, тогаш интернационaлецот од Англија ќе биде на третото место на списокот на најплатени играчи во клубот веднаш по Џеко и Пасторе.