Италијанскиот гигант Рома објави огромни долгови од 278,5 милиони евра. Лошата вест е дека задолженоста на „волчицата“ се зголеми за 60 милиони евра од нивниот последен објавен биланс во јуни 2019 година.
Постојат и објективни причини за лошата состојба на финансиите на Рома, пандемијата на коронавирус, прекинување на разговорите за продажба на клубот и други. Ситуацијата е критична и затоа клубот ќе одржи вонреден состанок на акционерите на 26 јуни.
Претходно беше објавено дека претседателот на клубот Џејмс Палота се обидува да го продаде клубот на саудиските инвеститори кои имаат намера да купат англиски Њукасл, но се соочуваат со потешкотии на Островот со реализација на договорот.