Тимот на Рома започнал разговори со Антонио Конте кој би требало да го замени Еузебио де Франческо, но поранешниот менаџер на Челзи очекува повик од Манчестер Јунајтед или Пари Сен Жермен, пренесуваат медиумите во Италија.
Раководството на Рома полека ја губи доверба во Де Франческо по серијата слаби резултати во Италија и во Лигата на шампионите. Во последниве недели Антонио Конте беше забележан на неколку натпревари во Серија А.
Во моментов искусниот тренер води тужба против Челзи, барајќи сериозна парична компензација како обештетување откако беше заменет од Маурицио Сари во текот на летото.